Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа и недостигаше само 1 натпревар, односно уште 1 освоен сет за да се пласира во 1-то коло од главниот дел на турнирот во Мелбурн, но за жал не успеа да ја победи искусната Фогеле.
Да се потсетиме, Лина Ѓорческа одлично го започна турнирот во Мелбурн, поточно квалификациите кога во првото коло ја победи Саша Викери со 2:1 во сетови, односно 6:2, 3:6 и 6:3, а тоа беше и нејзината прва победа на еден Грен Слем турнир.
Потоа во второто квалификациско коло Лина Ѓорческа се соочи со Далма Галфи, тенисерка која се наоѓа на 162-то место на ВТА листата. Но ниту подобриот пласман, ниту фаворитската улога на противничката, не ја обесхрабрија Лина која на магичен начин со 2:0 во сетови, односно 6:1 и 6:1 се пласираше во 3-то квалификациско коло.
И со тоа стигна на чекор од својот голем сон.
Сон наречен Австралијан Опен, поточно настап во главниот дел од турнирот.
Лина Ѓорческа одлично го започна тој натпревар против искусната Штефани Фогели која е многу поискусна на овие турнири затоа што веќе имаше играно со некои од најголемите тенисерки како што се сестрите Вилијамс и Мугуруза.
Во првиот сет успеа да победи со 6:4, но потоа се случи пресврт. Фогеле благодарение на нејзиното искуство, но и малата нервоза на Лина Ѓорческа некако успеа да го сврти натпреварот во своја корист.
Велат среќата не била на нејзината страна, но тоа не е вистина затоа што среќата е само за губитниците, а тоа Лина Ѓорческа дефинитивно не е. Таа е нашиот најголем победник. Победник на кој сите Македонци се гордееме, а се надеваме дека во иднина ќе ни донесе уште поголеми успеси и среќни моменти.
Таа со ова испиша историја, а воедно покажа и докажа дека има капацитет да се натпреварува на најголемите Грен Слем турнири.
Следен Грен Слем турнир каде што ќе се обиде Лина Ѓорческа да направи поголем успех е Грен Слемот на Ролан Гарос во Париз.
Исто така треба да кажеме дека Лина Ѓорческа благодарение на нејзиниот пласман во 3-то квалификациско коло ќе добие 19.000 илјади долари, како и 30 ВТА поени.
Тие 30 поени кои ќе се додадат на останатите поени кои ги има на ВТА листата ќе ја однесат во топ 200 тенисерки, поточно околу 180-та позиција, но тоа ќе го каже утрешната табела која ќе ја објави ВТА.
Ова ќе биде прв пат да влезе во најдобрите 200 тенисерки и тоа ќе биде нејзиниот најдобар ранкинг на ВТА листата во кариерата.