„За жал, Јунајтед повеќе нема шанси за титула!“

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ смета дека неговиот поранешен клуб нема ниту теоретски шанси оваа сезона да ја освои титулата во ПЛ.

Видиќ е свесен дека ремито со Ливерпул не е лош резултат, но Јунајтед со тој резултат испадна од трка за титула.

„Во првото полувреме игравме добро и имавме три-четири добри шанси кои моравме да ги искористиме. Се на се, 1:1 е реален резултат, но сега испаднавме од трка за титулата.“

Манчестер Јунајтед има 12 бодови помалку од Челси.