Шок на Бернабе – Големиот Реал Мадрид на колена од Селта Виго (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Селта Виго славеа на Сантијаго Бернабе со 1:2 против Реал Мадрид во натпревар од 1/4 финалето од купот на кралот.

Во првото полувреме мируваа мрежите.

Јаго Аспас во 64-та минута му донесе водство на Селта. Долго не траеше водството на гостите бидејќи Марсело постигна фантастичен погодок за 1:1.

Фудбалерите на Реал направија грешка на средината од теренот, а Џони сам во контра и го врати водството на Селта, 1:2.

Пред крајот на натпреварот Бензема пропушти огромна шанса за израмнување, а на крајот Селта славеше со 1:2.