Браво има „рок на траење“ – Сити подготвува понуда за но чувар на мрежата!

Според медиумите, Сити ќе донесе ново решение на голманската позиција.

Клаудио Браво не ги оправда очекувањата, иако дојде по барање на Гвардиола. Тој прими 4 голови од Евертон, а дури 2 поради негова грешка.

Многумина од наредната сезона би сакале да го видат Џо Харт, кој по се изгледа дека неоправдано го напушти тимот.

Сити е подготвен да донесе ново засилување на голманската позиција, а подготвени се да преговараат со Атлетико Мадрид за ангажман на Јан Облак.

Сепак, тоа нема да се случи во јануари, борбата за титулата по се изгледа дека е изгубена, па Гвардиола до крајот на наредната година ќе се потпира на Браво и Кабаљеро.

Облак стана еден од најдобрите голмани во Европа, а го наследи Куртоа во Атлетико и се покажа како одлична замена на Куртоа.

Словенецот е моментално повреден, а нема да игра до крајот на февруари, а веќе е познато и дека е мета на неколку англиски тимови. Сити по се изгледа дека е фаворит, па се очекува нивна понуда.

Откупната клаузула која стои во неговиот договор изнесува 100 милиони евра, а ќе видиме дали Сити е подготвен да понуди толку голема сума на пари.