Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грчките медиуми тврдат дека е готово и дека Костас Манолас од Рома ќе премине во редовите на Интер.
Манолас порано го сакаа Арсенал и ПСЖ, кои пробуваа на секој начин да го доведат, но Рома одби да го продаде клучниот играч на својата одбрана.
Меѓутоа, се чини дека сопствениците на римскиот клуб ќе попуштат и Манолас наскоро ќе го напушти Олимпико.
Иако нема никакви потврди, медиумите во Грција пишуваат дека Манолас за 40 милиони евра ќе премине во Интер, каде што богатите сопственици од Кина сега бараат само начин да го избегнат кршењето на фер-плејот.
Тоа може да значи дека Манолас прво ќе потпише за кинески клуб, и после тоа ќе оди на позајмица во Интер.
Во Рома се снесни за загубата доколку Манолас замине, но сакаат тие пари да ги инвестираат во тројца или четворица нови играчи и да го нападнат Скудетото, односно да пробаат да го загрозат Јувентус на првото место.
Интер со кинескиот капитал ќе проба и сега, а и на лето да доведе некоја ѕвезда и навивачите повторно да ги врати на стадион.
Целта е да се избори Европа, за клубот да се врати на стазите на стара слава, но засега тоа осе оди бавно.