Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Евертон ја прифати понудата на Милан, Каталонецот стигнува на Сан Сиро.
22-годишниот Џерар Делуфеу стигна на 6-месечна позајмица од Евертон, а со клубот од Ливерпул има валиден договор до 2018 година.
Екипата на Милан преку официјалниот Тв канал пренесе дека Евертон ја прифати понудата на Милан, па така Милан ќе плати 650 до 700 илјади евра за „сув“ заем до крајот на сезоната.
Играчот се очекува да стигне во Милано во недела, а во понеделник да потпише договор со екипата на Милан, и да започне нова авантура со Монтела.
Да потсетиме, дека Милан утре од 20:45 игра со Наполи кој е директен конкурент за пласман меѓу првите три места кои водат во ЛШ.
Да потсетиме дека досега Милан го напушти напаѓачот Луиз Адријано и Габриел кој замина на позајмица во Каљари, а пристигна Стураро.