„Ме предадоа, го напуштам Реал Мадрид!“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Алваро Мората повторно ќе го напушти Реал Мадрид.

Одличниот 24-годишен фудбалер минатото лето стигна во Реал од Јувентус, па се надеваше дека ќе добие втора шанса во омилениот тим.

Меѓутоа, Зидан нема добро мислење за него. Мората е резерва за Бензема, а не добива шанса и покрај тоа што Бензема не игра воопшто добро.

„Се чувствувам предадено. Го напуштам Реал Мадрид.“

Тој настапуваше во 26 натпревари, а само 6 започна и притоа успеа да постигне 9 голови.

Сепак, тоа не му е доволно на Зидан да го стави Мората пред Бензема, па Шпанецот најави заминување во лето.

Интерес за него покажа Челси, како и голем број други клубови.