Јувентус ќе купува од Лион!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Корентин Толисо би можел во лето да дојде во Јувентус.

Овој 22-годишен фудбалер моментално игра за Лион, а според медиумите, Јувентус започнал преговори за негов трансфер.

Јувентус е подготвен да понуди 40 милиони евра, а тоа би требало да биде доволно за да дојде овој играч во тимот.

Толисо може да ги покрива позициите на централен и дефанзивен ред за врска.

Тој оваа сезона одигра 26 натпревари за Лион во сите натпреварувања, а постигна 7 голови и 3 асистенции.