Сити не го пушта играчот кој никогаш нема играно за нив


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер Сити би можел да заработи многу пари од играч кој никогаш не го облекол нивниот дрес.

Сити во 2016-та година потпиша договор со Арон Мој, но овој фудбалер веднаш беше испратен на позајмица во Хадерсфилд и тоа се покажа како одличен потег.

Игра фантастично во Чемпионшип, а во наредните 2 денови би можел многу лесно да го смени клубот.

Некој клуб од Англија е заинтересиран за него и сака да понуди 8.75 милиони фунти, но Сити ја одби таа сума затоа што бара 10 милиони.

Гвардиола размислувал да го приклучи овој играч во тимот како замена за Фернандињо, но засега нема ништо од тоа.

Мој во кариерата има играно за Болтон, Сент Мирен, Вестерн Сиднеј и Мелбурн Сити.