Сиригу си замина од Севиља, но ќе остане во Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот италијански голман е пратен на позајмица во Осасуна до крајот на сезоната.

Салваторе Сиригу повторно ги спакува куферите. Италијанскиот голман само после шест месеци во Севиља, Сиригу ќе се пресели во Осасуна. Во Памплона ќе игра овој 30-годишен голман како позајмен фудбалер од ПСЖ.

Тој во првиот дел од сезоната запиша само два настапи за освојувачот на ЛЕ, сака поголема минутажа, па така Осасуна беше добар избор за него.

Сиригу во ПСЖ стигна во 2011-та година, а со францускиот клуб освои 13 титули. Кариерата ја почна во Палермо, а има играно за Кремонезе и Анкона.

Овој голман има и 17 настапи за репрезентацијата на Италија.