Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно ова второто е договорено за лето…
Навивачите на Интер веруваат веруваат дека Диего Симеине најдоцна во 2018 година ќе го преземе клубот за кој играше.
Занети веќе разговараше со Аргентинецот, тој најверојатно уште 18 месеци ќе биде на клупата на Атлетико и ќе го затвори кругот. Во прилог на тоа зборува и фактот дека го скрати својот договор кој прво беше до 2020 година.
А на стадионот, но во другата соблекувална може да го затекне својот син.
Имено, денеска италијанските медиуми пишуваат дкеа Милан со Енрико Прециози договорил доаѓање на Џовани Симеоне на лето.
„Чолито“ даде осум голови во својата прва сезона во Европа, привлече внимание на големите клубови, а понудата на Виљареал е одбиена.
Тој сака до лето да остане во Џенова, а наводно Кинезите кои го преземаат клубот од Берлускони ќе се ослободат од Карлос Бака и како замена ќе го доведат баш талентираниот напаѓач, кој повеќе не е само син на славниот татко веќе стекнува свое име во Серија А!