Милан се брза, а ова е планот на Раиола за Донарума!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нема да оди лесно, тоа беше јасно, а планот на Милан нема да се оствари…

Милан сакаше да го продолжи договорот со Донарума до 2022 година, што наполни тој 18 години. Подготвија и понуда, но Раиола одбива да преговара.

Причина за тоа е промената на сопствеништвото на клубот, сака да слушне прво какви се плановите на Кинезите и да добие гаранција дека е создаден сериозен тим.

Меѓутоа, медиумите во Италија тврдат дека тоа е само изговор, тој одложува до лето, сака да го тестира пазарот, а верува дека најталентираниот голман во светот може да добие многу пари.

Голман бара Јувентус, а можно е да покаже интерес и Челси, Реал, како и Ливерпул.

Поради тоа, Раиола сака да почека до лето и во тој случај Донарума влегува во последната година од договорот и некои работи се менуваат. Некои информации велат дека Милан е подготвен да му даде 5 милиони по сезона, но Раиола бара двојно повеќе.

Тоа нема да го добие никаде, но сигурно е дека некои од клубовите можат да платат повеќе на Донарума.