Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот прволигаш, Силекс на подготовките во Анталија денес одиграа пријателски натпревар против Кишварда од Унгарија. Кратовчани ремизираа, 1:1.
Во првото полувреме без постигнати погодоци, но затоа во вториот дел видовме два погодоци.
Вари од пенал во 79-та минута му донесе водство на Кишварда, а две минути подоцна Александар Пановски ги постави конечните 1:1.
Следниот пријателски натпревар на Силекс е во недела против Балмазујварош од Унгарија.