Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова би била најголема трансфер бомба.
Ѕвездата на Арсенал Месут Озил повторно се наоѓа на мета на Барселона!
Како што пренесува добро информираниот каталонски Спорт, Озил е повторно интересен на Барса, која ќе проба да го доведе на лето.
Озил и Алексис и понатака не потпишаа нови договори и тоа и понатака е главна тема на Емирати.
Озил и понатака одолговлекува и чека понуди од останатите клубови, а доколку Барселона навистина го повика, јасно е дека не може многу да размислува.
Иако играше за Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, Озил порано беше повеќе наклонет на Барселона.
Во периодот кога блескаше во Вердер од Бремен, германските медиуми пишуваа дека е навивач на Барселона и дека му е сон да игра на Ноу Камп.
Сепак, подоцна Озил стана ѕвезда од светски размери, и сега е се тоа малку компликувано.
Озил има договор со Арсенал до јуни 2018 година, и доколку не го продолжи, во ова лето ќе биде последна шанса за клубот нешто да заработи од неговата продажба.
Да потсетиме, на сличен начин Барселона ги следи и случувањата во Мадрид, повеќе за тоа ТУКА.
#FCB | Ozil vuelve a planear sobre la órbita del Barça https://t.co/Anyz1obWKJ pic.twitter.com/IromjOLqeF
— Diario SPORT (@sport) February 3, 2017