Немилосрдниот Мурињо го отпушти младиот фудбалер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Либискиот фудбалер Садид Ел Фитури е отпуштен од Манчестер Јунајтед.

Овој 22-годишен фудбалер во редовите на Црвените ѓаволи стигна во 2015 година од нисколигашот Салфорд Сити, но не успеа да ги импресионира луѓето од Олд Трафорд.

Играше за резервниот тим, истовремено тренираше и со првиот тим, но Жозе Мурињо смета дека тој не може да помогне, и му врачи отказ.

Меѓутоа, Либиецот не чекаше долго за нов тим.

Потпиша овој млад дефанзивец за третолигашот Честерфилд, каде што ќе ја продолжи кариерата.

„Ми јавија во вторникот дека добив отказ, но и дека Честерфилд се интересира за мене“, истакна овој фудбалер.

Интересно, него во Јунајтед го доведе легендарниот Пол Сколс, но очигледно и некогаш славниот фудбалер на Црвените ѓаволи погреши во процените и Ел Фитури после година и пол го напушти тимот од Манчестер.

На Олд Трафорд не играше ниту еден меч за првиот тим, но за нациионалниот тим на Либија настапи три пати.