Сарагоса направи огромен пресврт во последната четвртина и го победи Бетис – Четиринаесет поени на Стојановски


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Сарагоса го победија Реал Бетис со 102:99 во натпревар од 20-то коло во АЦБ лигата.

После првата четвртина подобри беа гостите, 23:25. Во втората четвртина кошаркарите на Реал Бетис не го испуштаа водството и со 6 поени предност заминаа на полувреме, 47: 53.

Доминација на гостите во третата четвртина во која стигнаа и до првото двоцифрено водство, 57:67. Пред крајот на третата четвртина имаа водство од 15 поени, но домашните постигнаа тројка за 69:81 пред последната четвртина. Кошаркарите на Сарагоса во последната четвртина влегоа фуриозно и успеаа да израмнат, 93:93. 55 секунди пред крајот на натпреварот домашните стигнаа до водство, 96:95. До крајот го задржаа водството и победија со 102:99.

Гечевичиус ја предводеше Сарагоса со 26 поени. Бензинг додаде 18, Гарсија 16, Фоту 14, а Јеловац 11 поени. Нахбар беше најефикасен во тимот на Реал Бетис со 25 поени. Македонскиот кошаркар, Војдан Стојановски натпреварот го заврши со 14 поени.