„Ибрахимовиќ за малку ќе го убиев, мислам дека ми се плаши!“

Ретко кој дефанзивец може да се пофали дека на крајот на натпреварот излегол на крај со Златан Ибрахимовиќ.

Еден од нив е фудбалерот на Лидс, Понтус Џенсон.

Тој со Златен играше во пријателски натпревар помеѓу Интер и Малме пред неколку години, а со добра игра вели дека го „убил“ сегашниот член на Јунајтед.

Доколку Лидс успее да се врати во ПЛ, можен е повторен дуел на овие 2 фудбалери.

„На добар пат сме. Играме многу добар фудбал и победуваме дури и кога не играме најдобро. Секогаш се фокусиравме на пласман во ПЛ, од првиот ден кога стигнав тука.“