Нов удар за Интер!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Мирослав Брозовиќ ќе мора да паузира неколку недели поради повреда на прстот на ногата.

Брозовиќ го напушти теренот на дуелот против Јувентус, а прегледите покажале дека ја скршил коската на прстот на ногата.

Во официјалното соопштение е наведено дека Брозовиќ ќе паузира неколку недели.

Тоа би требало да биде околу месец денови, што значи дека Интер ќе биде значително ослабнет.

Икарди и Перишиќ ги пропуштаат наредните 2 натпревари поради суспензија.