Звездата од францускиот фудбал сака да игра во Шпанија!

Офанзивецот на Олимпик Лион, Набил Фекир неодамна изјави дека кариерата понапред би сакал да ја продолжи во шпанската Примера отколку во друга фудбалска лига.

Интересот за него е голем.

„Не размислувам за тоа моментално. Има уште многу до крајот на сезоната, иако тоа се само 3 месеци. Не размислувам за заминување. Сепак, морам да признам дека ми се допаѓа Шпанија. Тоа е лига во која се игра одличен фудбал. После Шпанија, најдобри се Англија и Германија, додека Италија помалку ми се допаѓа“ – изјави Фекир.

Самиот фудбалер призна дека е навивач на Барселона, но не крие дека сака да соработува со својот сонародник, прв човек во стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.