Ова го може само Милан и никој друг – Росонерите со двајца играчи помалку ја победија Болоња (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан ја победија минимално Болоња во натпревар од 23-то коло во Серија А, 0:1.

Милан на почетокот на натпреварот се закани преку Делуфеу и Пашалиќ, но и двата не успеаа да ја затресат мрежата на домашните.

Донарума одбрани фантастично по ударите на Крејчи и Џемаили. Во 37-ма минута Палета доби втор жолт картон, па Милан остана со 10 фудбалери на теренот.

После еден час игра Куцка доби втор жолт картон по кој росонерите останаа со 9 фудбалери на теренот. Донарума беше фантастичен на голот на Милан и не дозволи Болоња да постигне погодок. Победата на Милан му ја донесе Пашалиќ во 89-та минута на асистенција на Делуфеу.

Милан после три порази по ред запиша победа и сега има само 2 бода помалку од Интер кој е пети, а тоа е место кое води во Европа.