Сити одреди цена за Агуеро!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро ова лето би можел да го напушти Сити, а веќе е познато и колку пари Сити бара за него.

Како што наведуваат некои медиуми во Англија, Сити бара дури 93 милиони евра оштета за Агуеро што ретки екипи би можеле да издвојат.

Интер е заинтересиран, има кинески газди и дали ќе си го дозволат ова скапо засилување.

Во последно време Агуеро е се помалку стартер во Сити, Хесус го менува па дали е тоа знак дека Агуеро е на излезните врати од Манчестер?

Освен Интер, интерес за Серхио Агуеро има и од ПСЖ и екипата на Реал Мадрид.