„Чех нема да замине од Арсенал на крајот од оваа сезона“

Виктор Колар, агентот на Петар Чех изјави дека Чех нема да го напушти Арсенал, барем не на крајот од оваа сезона.

Минатото коло Арсенал беше поразен од Челси со 3:1, а Чех направи сензационална грешка на третиот гол. Тоа беше повод за медиумите да шпекулираат заминување од Арсенал, а како можна замена беше Џо Харт кој е на позајмица во Торино.

Но агентот на Чех потврди дека тој ќе остане во Арсенал барем додека има важност договорот.

„Позицијата во клубот на Чех е добра. Чех ќе биде член на Арсенал барем до крајот на договорот и сигурен сум дека ќе остане прва опција“ – изјави Виктор Колар.

Чех пристигна во 2015 во Арсенал од екипата на Челси.