По многу години Реал и Барселона ќе играат надвор од Шпанија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона ќе играат по долго време надвор од Шпанија.

Новинар на „ЕСПН“ објави дека Реал и Барселона во Мајами договориле пријателски натпревар.

Средбата во Мајами ќе ја пропушти Роналдо, кој со Португалија за тоа време ќе настапува на купот на конфедерации.

Последен пат кога „Ел Класико“ се играше надвор од Шпанија беше во 1982-та година, а последен пат пријателски натпревар одиграа во 1991 година.

Овие тимови не се сметаат за пријателски клубови, па ќе биде интересно да видиме како ќе се однесуваат во овој натпревар во САД.