Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан рече дека Кристијано Роналдо најмногу сака да игра на крилните позиции и ја поддржа ѕвездата на овој клуб во намерата за повторно да почне да постигнува голови.
Роналдо пропушти да постигне погодок на последните два меча (во победата против Наполи 3:1 и против Еспањол 2:0). Зинедин Зидан на конференцијата за новинарите пред мечот против Валенсија во Ла Лига зборуваше за начинот на кој ќе го користи Кристијано Роналдо.
„Тој секогаш игра на крило. Тоа е неговата природна позиција. Сигурен сум дека ќе постигнува голови. Тој може да игра на различни позиции бидејќи се работи за одличен играч. Сепак, тој преферира да игра на крилните позиции.
Од тие позиции постигнал барем 300 или 400 голови“, рече Зидан.
Да потсетиме дека Португалецот е во нешто лоша голгетерска формка во оваа сезона и во Ла Лига постигна „само“ 14 голови на 17 мечеви, иако ни тоа не е лошо, но сепак се работи за најдобриот фудбалер на светот од кого сеуште се очекува повеќе.
Освен тие 14 голови во Ла Лига, постигна два гола во Лигата на шампионите, четири на Светското клупско првенјство и еден во Купот на Кралот. Наредна шанса да постигне нов гол ќе има баш утре од 18:45 кога Реал ќе гостува кај Валенсија.