Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Монако вечерва загуби на Итихад од Манчестер Сити со 5:3 во рамките на првиот меч од осмина финалето од Лигата на шампионите.
Колумбиецот Радамел Фалкао одигра многу добар меч вечерва и постигна два погодоци, но и промаши пенал. Тој смета дека ништо не е готово и дека неговата екипа сеуште има шанса да помине понатака.
„Ништо не е готово. Нажалост, не успеавме да дојдеме до победа вечерва. Сега мораме да се подготвиме за реванш мечот на домашен терен“, рече Фалкао.
Да потсетиме, реванш мечот меѓу овие две екипи се игра за 20 дена во Монако.