Фантастична вест за кошарката - Најдобриот тројкаш се враќа од пензија

Светот на кошарката доби една фантастична вест.

Еден од најдобрите кошаркари во НБА, Реј Ален би можел да му се врати на професионалната кошарка после тоа што во 2014-та ја заврши својата кариера.

Кариерата ја заврши во сезоната 2013/2014 во Мајами Хит, а замина како голем шампион бидејќи кариерата ја заврши со освојување на НБА титула. Доби четири понуди од НБА клубови, а тоа се Голден Стејт, Кливленд, Клиперс и Сан Антонио.