Блеска во ЛШ, а не го сакаа во Кина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сопственикот на кинескиот клуб, Тианџин каде тренер е Фабио Канаваро откри дека тој клуб беше пред реализација на голем трансфер.

Кинеските клубови облежаа уште еден преоден рок, по патот на свилата заминаа Оскар, Тевез, Игало и многу други, а еден од клубовите кои често беше споменуван по медиумите кога се работеше за трансферите беше и Тианџин.

Тианџин беше доведуван во врска со многу напаѓачи, а ги сакаа Диего Коста, Никола Калиниќ, Ислам Слимани, а сопственикот на клубот Шу Јухи сега откри дека на радарот на тој клуб бил и Радамел Фалкао.

Трансферот не се реализираше поради Фабио Канаваро.

„Пред неколку недели Жорж Мендеш беше во Кина и разговаравме за трансферот на Радамел Фалкао. Се беше готово, но Канаваро кажа дека не е заинтересиран за колумбискиот напаѓач. Кажа дека Фалкао нема да успее да се прилагоди на неговиот стил на игра и морав да му се извинам на Мендеш“, изјави Шу Јухи.

„Во јуни ќе имаме неограничен буџет, но голем број на фудбалери одбија да се преселат кај нас. Ќе направиме се за да доведиме врвен напаѓач“, заклучи Шу Јухи.