Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува шпански „АС“, управата на клубот од Милано е спремна да ја плати клаузулата за двоец од шпанската претстолнина.
Откако „Сунинг групата“ го презеде сопствеништво над Нероаѕурите, речиси да нема играч на пазарот кој не е доведен во врска со премин на Меаца.
Се пишува дека новите сопственици сакаат да го засилат тимот со големи имиња и дека се спремни да издвојат колку што треба пари.
Нема сомнеж дека Интер ќе биде еден од главните јунаци во наредниот преоден рок, а како што пренесува шпански „АС“ вистински земјотрес може да направи со купување на Пиринејскиот полуостров.
Имено, заинтересирани се за веројатно и најскапото дуо на мадридски Атлетико, Антоан Гризман и Јан Облак!
И не само тоа, наводно се спремни и да платат колку што треба, поточно да ги активираат откупните клаузули кои се наоѓаат во договорите на двајцата играчи на Јорганџиите.
Познато е дека главниот план на Интер на лето е да го доведат Диего Симеоне за место на шеф на стручниот штаб, што дава на тежина за овие шпекулации, а нема сомнеж дека “Чоло“ со себе сака да ги поведе Гризман и Облак.
Спласна и интересот на Манчестер Јунајтед за францускиот фудбалер, и Интер навистина може да има големи шанси во наредното лето и да го ангажира.
Што се однесува на Облак, тој дојде како замена за Хандановиќ, кој е се поблиску до заминување од клубот.