Наскоро стигнува нов договор – Дибала останува во Јувентус!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер, Пауло Дибала донесе одлука за својата иднина.

Одличниот фудбалер има понуди од Барселона и Реал Мадрид, но тој одлучи да остане во Торино.

Преговорите за продолжување на соработката траат веќе одреден период, а Дибала соопшти дека најверојатно ќе остане во Јувентус.

„Преговорите продолжуваат. Скоро се договоривме, а дополнителни преговори ќе има кога ќе се врати мојот агент од Аргентина. Преговараме уште од ноември, но не е до мене. Јувентус треба да одлучи.“

Сигурно е дека 23-годишниот Дибала ќе остане во тимот, чиј член стана во 2015-та година.

Претходно играше во Палермо, а Јувентус го плати над 30 милиони евра. Оваа сезона одигра 28 натпревари и постигна 12 голови и 6 асистенции.