„Ви благодарам на сите за поддршката, се надевам дека ќе се вратам наскоро“

Фернандо Торес вчера беше на рамот на смртта по жестокиот судир со играч на Депортиво.

Во ремито на Атлетико и Депортиво, Торес во еден воздушен дуел остана да лежи на земјата. Изгледаше страшно додека му се даваше помош, а потоа заврши во болница.

Тренерот на Атлетико, Симеоне вчера кажа дека Торес е при свест и дека ќе биде добро.

Сега се огласи и Торес, кој јасно дека и понатаму е во шок, но им се заблагодари на сите за поддршката.

„Им благодарам на сите кои се грижеа за мене и за сите пораки за поддршка. Бев малку исплашен, но се надевам дека брзо ќе се вратам.“