„Веруваме дека чудата се возможни!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Хрватскиот играч Ракитиќ верува дека Барселона може да направи чудо во натпреварот во ЛШ.

Барселона вчера победи со 5:0 против Селта во Примера, а еден од стрелците беше Ракитиќ.

Оваа победа им даде дополнителен гас на играчите и дополнителна самодоверба, како и верба дека ќе успеат да направат пресврт по поразот во првиот натпревар од 4:0 против ПСЖ.

„Ќе видиме што ќе се случи. Балгодарни сме им на нашите навивачи. Од првата до последната минута ќе дадеме се од себе. Ќе се обидеме и се надеваме дека можеме да направиме чудо.“

„Веруваме во себе 100%.“