Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ ќе бранат во Каталонија големи 4:0 беа тројца многу важни играчи.
Од Париз стигна вест дека шампионот на Франција во реваншот од 1/8 финалето на ЛШ против Барселона во гости ќе игра без Анхел Ди Марија, Марко Верати и Тиаго Мота.
Сите тројца се повредени, па Унаи Емери се соочува со големи проблеми кога средниот ред е во прашање.
Блез Матуиди и Адријен Рабио сигурно ќе играат, ќе видиме дали шанса ќе добие дефанзивно ориентираниот Гжегорж Криховјак или креативецот Хавиер Пасторе.
Веројатно Полјакот ќе добие предност во однос на Аргентинецот, а не е исклучено и двајцата да почнат.
По страните треба да делуваат Хулијан Дракслер и Лукас Моура, најистурен ќе биде Единсон Кавани.
Но, ќе видиме што ќе одлучи Емери, можно е и Хатем Бен Арфа да добие шанса од страртот бидејќи умее да застане на топка и може да направи разлика.
Мечот на „Ноу Камп“ се игра во среда во 20:45 часот, Пари Сен Жермен ќе брани 4:0 од „Паркот на Принцевите“.