Плеј-аут – Охрид го декласира Пелистер


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кошаркарите на Охрид убедливо го победија Пелистер во натпревар од плеј-аутот во првата македонска кошаркарска лига, 66:83.

Битолчани го започнаа подобро натпреварот. Андрејевиќ и Анакиевски му донесоа водство на Пелистер од 7:0. Кошаркарите на Охрид со серија од седум поени намалија на еден негатива, 10:9. Брукс постигна четири поени во низа за прво водство на Охрид на натпреварот, 12:13. Захариевски две секунди пред крајот на првата четвртина погоди две од две слободни фрлања за минимално водство на Пелистер, 16:15.

Јанески на почетокот на втората четвртина погоди две тројки, а Глигоријевиќ за два за 16:23. Пелистер со поени на Анакиевски и Фил намали на три негатива, 20:23. Расположените Јанески и Глигоријевиќ постигнаа седум поени во низа за двоцифрено водство на охриѓани, 20:30. Пелистер преку Андрејевиќ и Голубовиќ ја спушти негативата на едноцифрена, 33:41. Охрид на полувреме замина со предност од 8 поени, 36:44.

Гостите постигнаа шест поени во низа, 36:50. Јанески, Брукс и Каилен зголемија на плус 21 за Охрид, 38:59. Брукс со три поени во низа донесе водство на Охрид, 44:67. Во последните десет минути од натпреварот Охрид влезе со 24 поени предност, 47:71.

Пелистерци со пет поени во низа намали ја на 20 поени негатива, 55:75. Илиевски и Анакиевски намалија на 16 негатива, 62:78 на четири минути пред крајот на натпреварот. Охрид на крајот победи со 66:83.

Брукс и Јанески го предводеа Охрид со по 19 поени. Милојевиќ додаде 10 поени. Кај Пелистер најефикасен натпреварот го заврши Анакиевски со 15 поени. Андрејевиќ, Давков и Голубовиќ постигнаа по 10 поени.