Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијански репрезентативец е на чекор од Наполи.
Фудбалерот на Лацио Антонио Кандрева побара од својот клуб да му одобрат трансфер во Наполи.
Клубот од Неапол наводно понуди 25 милиони евра за 29-годишниот играч и наскоро би требало да ја заврши работата.
„Кандрева побара од клубот да му одобри трансфер и ја изрази својата желба со цел да имаме време да му пронајдеме замена“, потврди спортскиот директор на Римјаните Игли Таре.
Покрај Наполи, интерес за Кандрева покажааа Интер и Челси.