Куман најави можно заминување на Баркли!

Тренерот на Евертон, Роналд Куман најави дека Рос Баркли доколку не го продолжи договорот ќе биде продаден.

Баркли игра одлично, но му преостана уште една сезона од договорот, а претходно се поврзуваше и со Челси.

Тренерот на Евертон беше запрашан да ја прокоментира оваа ситуација.

„Рос е момче од Евертон и сакаме да остане. Неговата ситуација е тешка бидејќи тој станува слободен на крајот од наредната сезона. На управата на клубот преостанува да му понуди нов договор а тој да одлучи дали ќе го прифати“ – вели Куман.