Ромелу Лукаку – Пола човек, пола рекорд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Корпулентниот Белгиец денеска продолжи да ги тероризира голманите и поради продолжување на голгетерската серија неговото име ќе биде испишано во историјата на книгите на Евертон и Премиер лигата.

Лукаку даде два гола во судиското продолжение за да го увери „покерот на Евертон против Хал на Гудисон Парк“ и осамна на чело на листата на стрелци во Премиер лигата после 29 кола.

Силниот напаѓач сега е на своето конто има повеќе од 20 гола во првенството во тековната сезона (21) со што стана прв играч на Карамелите на кого тоа му појде за рака после повеќе од три децении.

Уште од сезоната 1985/86, во која Гери Линикер постигна 30 голови, Евертон немаше ниту едeн играч кој сезоната ја заврши со 20 и повеќе погодоци.

Освен тоа, Лукаку денеска ја надмина бројката од 80 постигнати голови во Премиер лигата и тој е прв странец кој направи таков подвик пред да наполни 24 години.

До своите 24 години бројката од 80 голови ја надминаа Мајкл Овен, Вејн Руни и Роби Фаулер.

Ромелу Лукаку пред неколку дена изјави дека му замерува на Евертон на неамбициозноста да направи нешто повеќе и дека не му се допаѓа да слуша приказнаи за славното време на клубот од минатото. Поради се тоа се погласни шпекулациите за неговото заминување од Гудисон, а неговите партии од тековната сезона се можеби и вистинско сведоштво дека ги прерасна Карамелите.