Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Талентираниот фудбалер на Реал Мадрид наредната сезона ќе ја помине на позајмица во Волфсбург.
“Марка” пишува дека Реал Мадрид го испратил Борха Мајорал на калење во германскиот клуб.
Во Реал веруваат дека Бундеслигата е идеална средина за напредок на 19 годишниот фудбалер.
Мајорал минатата сезона постигна 15 погодоци на 29 натпревари за вториот тим на Реал, Зидан му даде шанса и во првиот тим за кој одигра шест натпревари од кои на три беше стартер.
Меѓутоа откако Алваро Мората се врати во Реал проценето беше дека за ова момче најдобро е да биде испратено на позајмица.