Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на УЕФА, Чеферин ќе се обиде да го сопре лудото трошење на пари од страна на европските клубови.
Последните 10 години имаше премногу големи трансфери. Минатото лето беше срушен рекордот откако Јунајтед за Погба плати повеќе од 100 милиони евра, а клубовите веќе најавија големи трошења ова лето.
„УЕФА има задача да ги заштити сите екипи, а не само тие големите. Мораме да ги провериме работите околу купувањето на играчите и трошењето на многу пари за трансфери. Не смееме да се плашиме да влеземе во борба со овој проблем.“
Словенецот ја превзема улогата на претседател во септември минатата година, а исто така најави жестока борба против допинг, корупција, насилство и лажирањето на натпревари.