Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонските медиуми шпекулираат, но тоа е се и понатака во доменот на шпекулациите.
Како што пренесе добро информираниот каталонски Спорт, претседателот на Барселона Хозеп Марија Бартомеу се сретна во оваа недела со менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино!
Сепак, овој избор наведува дека Бартомеу и Покетино од порано се во пријателски односи, се знат дека Аргентинецот има куќа во Барселона каде што порано со години го водеше Еспањол.
Паузата поради репрезентативните обврски, Покетино ја искористи да скокне до Барселона, а патем ручаше со првиот човек на Барселона во еден ресторан.
Деталите од разговорот не се познати, но Спорт потсетува дека Покетино е еден од кандидатите да го наследи Луис Енрике.
Во овој момент, таа позиција најблиску е неговиот асистент Хуан Карлос Унзуе, а покрај него и Покетино, се споменуваат уште и Ернесто Валверде и Хорхе Сампаоли.
#NoticiaSPORT | Cumbre Bartomeu-Pochettino en Barcelona https://t.co/bzOJeGoEuk pic.twitter.com/h4O9YtoclO
— Diario SPORT (@sport) March 24, 2017