Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одбиени нападите на Сити, Челси и Реал Мадрид.
Дури се чека потписот на Пауло Дибала се е завршено со Алекс Сандро. Раководството на Јувентус работи како час, ништо не му препушта на случајот, па така денес беше постигнат договор со бразилскиот фудбалер.
Наместо до 2020-та поранешниот фудбалер на Порто се согласи да остане во Торино до 2021-ва. За возврат ќе добие зголемување на платата, од 2.8 на 3.5 милиони евра. Тоа значи дека Алекс Сандро ќе биде во ранг на Алвеш, Киелини, Манџукиќ и Маркисио.
Договорот не е потпишан, но агентот на Алекс Сандро потврди за италијанските медиуми дека е постигнат договор со раководството на Јувентус.