Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Главоболки за Португалецот.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска се собраа на тренинг после репрезентативната пауза, а Жозе Мурињо баш и немаше некоја причина за задоволство.
Во овој момент, надвор од тимот се дури седум играчи, а Маркл Керик е единствен играч за врска на кого може да смета.
Од репрезентативни обврски со повреди стигнуваат Фил Џонс, Крис Смолинг и Маруан Фелаини, од порано се повредени Вејн Руни и Пол Погба, додека Андер Ерера и Златан Ибрахимовиќ се суспендирани.
Пред Јунајтед е многу згуснат распоред во април месец, поради тоа ова се многу лоши вести за Жозе Мурињо.
Во сабота, Јунајтед го дочекува ВБА од 16 часот, а погледнете го пеколниот распоред:
1 април: Манчестер Јунајтед – ВБА (ПЛ)
4 април: Манчестер Јунајтед – Евертон (ПЛ)
9 април: Сандерленд – Манчестер Јунајтед (ПЛ)
13 април: Андерлехт – Манчестер Јунајтед (ЛЕ)
16 април: Манчестер Јунајтед – Челси (ПЛ)
20 април: Манчестер Јунајтед – Андерлехт (ЛЕ)
23 април – Барнли – Манчестер Јунајтед (ПЛ)
27 април: Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед (ПЛ)
30 април: Манчестер Јунајтед – Свонси (ПЛ)