Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Јунајтед призна дне го третираше на најдобар начин Бастијан Швајштајгер на почетокот на оваа сезона.
Оваа изјава на Мурињо посебно се однесува на периодот кога Германецот го тренираше со У-23 екипата на Манчестер Јунајтед.
„Жал ми е поради некои работи кои ги направив. Не поради него како играч, туку како професионалец и човечко суштество“.
„Последна работа која му ја реков е дека некогаш грешев во врска со него и дека сега морам да испаднам праведен кон него. Кога ме праша дека заминува, морав да го пуштам. Жал ми е поради поранешниот период. Тој тоа го зна. Секогаш ќе ми недостасува добар човек. Имав добар вчечаток на играчот на тренинг. Веројатно ќе ни требаше, но морав да го пуштам“, рече португалскиот стручнак.
На прашањето што би направил подруго да можел, Мурињо рече дека ќе го пуштел да биде со првата екипа.
„Во тоа време имавме премногу играчи. Тогаш ги имавме Шнајдерлин и Депај. Премногу играчи. Се каам. Немам проблем да признам. Тоа и го реков“, додаде за крај Мурињо.