Реал на прагот од рекорд, знаете колку играчи постигнаа голови во Примера?

Еве го списокот на играчи на Реал Мадрид кои во оваа сезона постигнаа голови за овој тим.

Реал Мадрид во последниот меч против Алавес успеа да слави со 3:0 во комбиниран состав, а стрелци беа Бензема, Иско и Начо Фернандез.

Начо постигна гол во 88 минута, ова беше негов прв гол во сезоната, а со самото тоа стана и 19 играч кој во оваа сезона постигна голови за Реал Мадрид.

Бројка од 19 фудбалери е рекорд, го држат Реал од сезоната 1995/96 и Валенсија сезона подоцна.