Интер ги продава Хрватите, а стигнува и нов тренер?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интер ќе заработи богатство на 2 хрватски интернационалци, а Пиоли по се изгледа дека заминува.

Конте нема да биде тренер на Интер.

Тој наводно ја одбил понудата и кажал дека сака со Челси да игра во ЛШ, па Кинезите ќе бараат нов тренер.

Последните резултати ја разнижаа клупата на Пиоли, ако остане тренер и не ги поправи резултатите, сигурно нема да добие уште една сезона во својот договор.

Клубот зад грб му го договара наводно Жардим од Монако, а директорот на клубот се подготвува за преодниот рок.

Ќе биде продаден Перишиќ и Брозовиќ, наводно првиот за 60, а клубот ќе ги вложи парите во Берарди и Бернадески.

Веќе наводно е купен Мањолас, кој ќе го замени Муриљо.

Интер ќе се засили и на крилните позиции, се знае дека го сакаат Родригез, а ќе се обидат да донесат и десен бек, како и уште неколку играчи.

Остануваат пари за едно големо засилување, Верати или Санчез, но тоа не е многу реално, па најверојатно ќе се потрудат да го донесат Родригез.