„Разочаран сум, загубивме два бода“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид вчера во градското дерби ремизираше против Атлетико со резултат 1:1.

Водеше Реал со 1:0 до финишот на мечот, а тогаш Антоан Гризман погоди за 1:1, но подоцна Реал се опушти после победата на Малага над Барселона.

„Пет минути пред крајот останавме без концетрација. Не можам да кажам дека Атлетико играше добро. Заслуживме повеќе од бод“, рече Зидан, а потоа додаде:

„Не одигравме добро во последните пет минути, моравме подобро да се браниме, не контролиравме ништо, не ни побегна само Гризман. Пропуштивме два бода и затоа сум разочаран“.

Со оглед дека ни Барса не го искористи тој кикс на Реал, Кралевите и понатака имаат предност, сега од три бода и натпревар помалку од Каталонците.