Исповед на Рио Фердинанд по губењето на сопругата – Многу пиев, не знаев децата да ги однесам во училиште, ниту на лекар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рио Фердинанд пред 2 неполни години помина низ вистински пекол, а позната телевизија со својот нов документарец откри тажни детали за неговата судбина.

Кога рече дека на крајот на сезоната 2014/15 ќе замине во пензија, никој не ни помисли дека во исто време крајот на кариерата ќе стане пекол и поради смртта на неговата сопруга Ребека.

Таа ја изгуби битката со ракот на дојката, а болеста ја уби за помалку од три месеци, па Рио остана сам со 3 деца.

Синовите Лоренц и Тејт тогаш имаа 9 и 6 години, а ќерка му Тија само 4, а Рио не знаел што ќе прави сам во улогата – татко и мајка.

Како и на секој професионален спортист, сопругата му беше „жена, мајка и кралица“, па така и Ребека беше столб на семејството.

Рио во почетокот почнал да пие, а така продолжил неколку месеци, се додека едно утро не доживеал сообраќајка додека ги носел децата во училиште.

„Во почетокот многу пиев. Ги успивав децата, а потоа пиев до доцна во ноќта. Тоа траеше три, четири месеци, се додека едно утро не се разбудив и не направив несреќа.“

Тој потоа откри како животот преку ноќ му станал пекол.

„Не знаев што треба да направам, затоа што Ребека правеше се наместо мене. Мое беше само да играм фудбал, никогаш не знаев ништо за ова. Моите деца за прв пат доцнеа во училиште, затоа што имав напад на паника поради тоа што не знам што да направам.“

„Децата ми викаа дека ако мајка им била тука, ова никогаш немало да се случи. Бев целосно изгубен. Не знаев што треба да направам за да закажам преглед кај лекар. Тогаш сфатив дека Ребека правеше се. Јас не бев доволно добар родител, не знаев што подразбира тоа.“

Рио откри дека секојдневните обврски како родител му биле непознати и дека тогаш сфатил што значела Ребека за неговото семејство.

Во еден момент размислувал за самоубиство, односно ги разбирал луѓето кои го направиле тоа.

„Некогаш размислував како може некој да направи самоубиство.. Како некој може да биде толку себичен? Но сега знам како им е. Да немав луѓе околу мене или своите деца, не би можел да размислувам добро и да продолжам понатаму.“

„Никогаш во животот немав направено ручек. А тоа се работи кои мора да ги правите. Единствено што правев беше трката до училиште, но тоа не е ништо друго освен станување 10 минути пред децата кои ги хранеше Ребека, облекуваше и сместуваше во автомобил. Кога сте фудбалер не мора ништо да правите додека не ја преминете границата..“

Сепак, како најтешко го споменува моментот кога бил со Лоренцо во болница, а тој на ѕидот на оделението видел благодарница на едно од семејствата на пациентите.

„Ме праша што е тоа, а јас му реков дека тоа е благодарница која семејството ја остава на докторите и сестрите, за се што направиле да помогнат. А неговиот одговор беше – Па на мама не и помогнаа. Се свртев и продолжив кон излезот.“

Филмот „Рио Фердинанд: Да се биде мајка и татко!“ беше премиерно емитуван на телевизијата „BBC“ на 28 март.