Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диего Лопез повеќе не е тренер на Палермо кој е претпоследен со 8 потребни бодови за опстанок во Серија А.
Ова е четврта замена на тренер, а овој пат заедно со тренерот отказ имаше и за Никола Салерно кој беше спортски директор.
„Не можеме да продолжиме да играме вака како на последните неколку натпревари. Им должиме на навивачите, на самите себе и на овие дресови кои го носат нашите играчи да се бориме до смрт за опстанок. Тренерот Лопез беше во тешка ситуација и му благодариме“ – вели претседателот на Палермо.
Лопез не беше тренер ниту цели 3 месеци, а пред него оваа сезона уште тројца други седеа на таа клупа.