Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Незадоволниот Луис Енрике призна дека вечерашниот пораз на Барселона од Јувентус со резултат од 3:0, е многу сличен на тој од Пари Сен Жермен.
„Првото полувреме беше многу тешко, многу слично на тоа од Париз, второто многу подобро. Ако го подарите на противникот првото полувреме, јасно е дека ќе има проблеми“, рече после дебаклот на Каталонците Енрике.
„Тренерот работи се со цел да ја подготви екипата, но очигледно е дека таа работа не ја одработив добро. Мораме да се подобриме, научив од вечерашните грешки, ќе го анализираме натпреварот и ќе видиме се што згрешивме“.
„Ова е втор пат ова да ни се случува. Тешко е сега да размислувам за пресврт, но сигурно ќе пробаме да се вратиме со добра изведба во реваншот“, продолжи тренерот на Барселона.
Енрике за медиумите ја искоментира и лошата партија на Бразилецот Нејмар, и дали е можно причина за вестите за суспензијата која му е изречена во Примера.
„Не е добро да се издвојуваат поединци после ваков пораз. Ова е пораз на целата екипа, почнувајќи од тренерот“.
„Се ми личеше на последниот пола час против ПСЖ. Ова е сериозно, бевме непродуктивни во првото полувреме. Ова е тешко време за нас. Нашиот интезитет мора да биде на повисоко ниво. Враќањето против Јувентус ќе биде тешко“, рече за крај за шпанските медиуми Луис Енрике.