Легендата нов селектор на украинската репрезентација


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Легендарниот напаѓач, Андриј Шевченко е нов селектор на украинската репрезентација.

Извршниот одбор на фудбалскиот сојуз на Украина едногласно ја подржа кандидатурата на Шевченко за селектор.

39-годишниот Украинец ќе потпише 2-годишен договор со можност за продолжување на уште две.

Шевченко одигра 111 натпревари за Украина и постигна 48 погодоци, а играше за Динамо Киев, Милан и Челси.