Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дали очекувавте вакво нешто?
Дали шампионскиот тим на Лестер ова лето дефинитивно се распаѓа? Тоа што французинот Н Голо Канте и официјално е нов фудбалер на Челси и не би бил голем проблем бидејќи може да се доведе квалитетна замена.
После тоа што сините соопштија дека Канте и официјално е нивни фудбалер, Гардијан и Телеграф соопштија дека Лестер доби официјална понуда за 23-годишниот Џефри Шлуп, а Ријад Марез одби уште една понуда да го продолжи договорот со лисиците.
За Шлуп понуда наводно испрати ВБА вредна 10.7 милиони евра. Бидејќи се работи за момче кое никна во Лестер тешко дека Раниери ќе се согласи да го продаде за таа сума, но се прашува и самиот фудбалер на кој ВБА му нуди поголема заработка.
И ако навивачите на Лестер, заминувањето на Шлуп го преболат, со Марез тоа ќе биде многу многу потешко. Гардијан соопшти дека со алжирецот се повторува ситуацијата со Канте околу новиот договор. Тој на Кинг Пауер стадионот моментално заработува 2.5 милиони евра по сезона, а одби годишна плата од 6 милиони евра.
Надежта на навивачите на Лестер дополнително ја уби неодамната изјава на агентот на Марез
„Во неговите години кога ќе имате шанса да заиграте за голем клуб, морате да размислите за тоа. Би рекол дека шансите за останување се 50%.“